„Аман од избори“! Ова е првиот коментар на обичниот граѓанин изминативе неколку години, што пак е реален крик на фактот дека веќе 12 години, на речиси секои три, се гласа предвреме. Од 1990 до 2006 година, челниците ги започнувале и ги завршувале своите мандати како што е предвидено според Уставот, односно четири години. Но од 2008 година започнува нова практика кај политичарите, речиси секогаш по настаната политичка криза, а најчесто…