Press "Enter" to skip to content

ССНМ со осуда за непримерната комуникација на советничката на Заев со новинарите на ИРЛ

Синдикатот на новинари и медиумски работници испрати реакција по непримерната комуникација на советничката на премиерот Заев за медиумски активности, Елена Митева, со новинарите од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија. ССНМ предупредува дека советниците на претседателот на Владата на РСМ како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа. „ССНМ…

Уреднички став: Непримерна смс комуникација на советничката на премиерот Елена Митева со новинарите на ИРЛ

Посебниот советник на премиерот за организирање на медиумски настани, Елена Митева, преку смс порака ja навреди новинарката на ИРЛ Маја Јовановска за денешниот текст во којшто тема на анализа беа спорните деловни етики на нејзиниот ангажман во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија. „Срамота. Се извадено од контекст. Ама важно имате приказна која нема никакви аргументи и не држи вода. Ептен сте истражувачки новинари. Секоја чест“, гласи…

Дење во владиниот пиар, навечер во приватниот маркетинг

Елена Митева до лани ја водеше утринската емисија на телевизијата Телма, за набргу да влезе во нова улога – владина водителка. Со стартот на пандемијата таа снимаше интервјуа со министрите кои се емитуваа во живо на владините социјални мрежи. Од први јануари годинава и формално е вработена како советник на премиерот. За себе вели дека е вистинскиот човек на вистинското место. Но, и покрај ваквиот ангажман кој е уреден со…