Цензусот е исполнет. Изборите се успешни. Според последните податоци од ДИК, до 18.30 часот на гласање излегле 44,55 проценти од граѓаните со право на глас. Во СДСМ велат „Стево Пендаровски води“. Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот. Известуваат: Давид Илиески од штабот на СДСМ и Александра Денковска од штабот на ВМРО-ДПМНЕ: Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште…
Ова се шестите претседателски избори во земјава и првите избори откако е ратификуван Преспанскиот договор. Следниот претседател ќе биде петтиот претседател од независноста наваму и првиот претседател на Република Северна Македонија. Актуелниот претседател Ѓорге Иванов, којшто се противеше на Договорот со Грција, отслужи два мандата како претседател на републиката, односно максималниот број мандати за кои што може да се натпреварува еден граѓанин за оваа функција согласно Уставот. Како се станува…
Со доза скромност, но и гордост затоа што е првата жена кандидат за претседател на државата, професорката Гордана Силјановска Давкова се претставува на митинзите и средбите со граѓани низ градовите во Македонија. Силјановска Давкова, која е поддржана од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека Македонија е подготвена за жена претседател. Таа ветува дека во кабинетот и секаде каде што може ќе се опкружи со способни жени. Нагласува дека родот нема да…