Press "Enter" to skip to content

Рекет: Во кого (не) се вперени очите на правдата

Случајот „Рекет“ е медиумски најекспонираниот случај за 2019 година. Според критичарите, тивко, а можеби и организирано, „Рекет“ го помогна потопот на Специјалното јавно обвинителство. Според власта, но и самите обвинители, ова е случајот којшто покажал колку оваа влада е подготвена за борба со корупцијата со оглед на тоа што во “Рекет” се опфатија и функционери од владејачката партија.  Едно е сигурно, “Рекет” ги изнесе на виделина врските помеѓу политиката, правосудниот…

(ВИДЕО) Катица Јанева на распит за случајот „Рекет“ дојде со адвокат

20.8.2019 година Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески. -Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството. Таа ќе…

Заев го укина СЈО, Вилма е новата Катица

Специјалното јавно обвинителство се укинува и оди под капата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а нова шефица ќе биде обвинителката Вилма Рускоска. Новото име на оваа институција ќе биде Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Ова го пишува во новиот предлог-закон кој Владата самостојно го подготвила и планира во понеделник да го достави до Собранието и до другите политички партии. Премиерот Зоран Заев рече дека на ваков…

Рускоска: За неколку функционери се водат истраги за економски криминал и корупција

Неколку актуелни функционери се предмет на предистражна и истражна постапка за економски криминал и корупција. Ова денеска го изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал. „Се водат неколку истраги и предистраги за актуелни функционери, ама не можам да откријам повеќе бидејќи истите се тајни“, рече Рускоска. На конференцијата присуствуваше и државниот обвинител Љубимир Јовевски, националниот…