Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Кога угостителите ќе стивнат

КОВИД 19 го парализира угостителстово, а 29 илјади работни места се под закана. ИРЛ дневниот влог ги следи социоекономските ефекти од КОВИД 19 Репортер: Давид Илиески; Насловна фотографија: Радио Слободна Европа на македонски јазик За само еден месец, нов глобален вирус смести четвртина од луѓето на планетата Земја во изолација во нивните домови, според последната денешна дата достапна од Светската здравствена организација. КОВИД 19 не држи дома со недели, а…

(ВИДЕО) Морбидно тивко на првата ноќ со полициски час

Во обид да го спречи ширењето на КОВИД-19, на 18 март Македонија прогласи вонредна состојба. На 22 март се прогласи и првиот полициски час. Точно на стартот на полицискиот час, репортерите на ИРЛ излегоа на терен. ИРЛ тимот е подготвен да ги следи предизвиците кои доаѓаат со борбата со КОВИД-19. Погледнете во видеото во продукција на Давид Илиески. Кога сте веќе овде, прочитајте ги поврзаните стории: Од 300 луѓе кои…

(ФОТО) Четириесетина лица однесени во првиот државен карантин во хотелот Ибис

Четириесетина лица кои што ноќва влегле во Северна Македонија, воглавно на граничниот премин Деве Баир, се однесени директно во хотелот “Ибис” кај трговскиот центар “Олимпико” во населбата Тафталиџе како дел од мерките за справување со ширењето на КОВИД вирусот. Ова е воедно и првиот државен карантин којшто владата го најави како мерка согласно одлуките од последната седница. Дежурниот тим на ИРЛ беше на терен за да види како се спроведува…

Реформа или проформа: Функционалноста на етичката комисија во МРТВ

Во време кога информациите станаа оружје, а медиумскиот простор е окупиран со интересите на бизнис и политичкото лоби, потребата за професионални и етички стандарди станува се поголема. Токму тука јавниот сервис би требало да ги покаже своите највисоки перформанси и да застане во одбрана на интересите на граѓаните. Но, речиси и да не постои анализа или истражување за домашниот јавен сервис која што во последните две децении не покажува сериозно…