Европската централна банка и ја одзеде лиценцата на Пилатус Банка во Малта, откако нејзиниот претседател беше уапсен во САД поради обвиненија за перење пари.
Управата за финансиски услуги на Малта го објави овој потег, велејќи дека ја повикале Европската Централна Банка да преземе акција.

Новинарот Дафне Каруана Галиција, која пред една година беше убиена од бомба во автомобил, ја обвини банката за обработка на коруптивни плаќања.
ЕУ ја истражува банката уште од убиството на новинарката.
Сепак, властите на Малта, дури во март го замрзнаа имотот на банката, по апсењето на нејзиниот претседател, Али Садр Хашеми Неџад.
Според обвинението поднесено во федералниот суд во Менхетен, тој е обвинет за вмешаност во шема за избегнување на американските економски санкции против Иран.
Малтешкиот Орган за Финансиски Услуги (ФСА) препорача повлекување на лиценцата на банката во јуни, но процесот траеше подолго од очекуваното поради законски препреки, објави Европската Централна Банка.
Каруана Галиција објави на Малта за истрагата на „Документите на Панама“ за оф-шор сметки кои ги кријат тајните исплати на политичарите и другите моќни личности.
Таа ја обвини банката Пилатус за разни кривични дела, вклучувајќи и сомнителни исплати на високи литвански и азербејџански фигури.
Тројцата осомничени за нејзиното убиство, браќата Џорџ и Алфред Дегиорго и нивниот пријател Винс Мускат, беа уапсени за време на полициската операција во декември 2017 година.
Тие беа обвинети за убиство и се изјаснија дека се невини по судското сослушување. Тие остануваат во притвор.