Press "Enter" to skip to content

ИРЛ

Фридом Хаус: Корупциските скандали без разрешници го намалија рејтингот на државата

Во извештајот на Фридом Хаус како проблем препознаен е притисокот врз новинарите кои што известуваат за висока корупција. Фридом Хаус го нотира случајот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со тужбата за клевета од страна на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. Забележани во контекст на падот на оценката за борба со корупција се и новинарските истражувања како она на ИРЛ за пожарот на модуларната болница во Тетово, истражувањата поврзани…

Осудените за модуларната болница во Тетово надеж гледаат во германското вештачење

Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…

Со платена пропаганда Жан Митрев заплашувал сведоци и вршел притисок на обвинителството

Јавното обвинителство денеска лиферуваше невообичаено соопштение. Реагира за начинот на известување на медиумите за текот на судењето за случајот Жан Митрев. Обвинителството во процесот препознало дека преку платена пропаганда се шират лажни вести  и се заплашуваат сведоци. За докторот, според обвинителството, навиваат и истакнати правници кои го аналазираат обвинителството, а не биле ниту на едно судско рочиште. Известува: Маја Јовановска;  Илустрација: Лука Блажев  Основното јавно обвинителство Скопје денеска реагираше за…

Отровна вода – отровна земја – отровна храна

Реката Вардар, долга 388 километри од кои 76 се наоѓаат во Грција, и за двете земји претставува значаен извор на вода за пиење и вода за наводнување. За заедничката река и двете земји се одговорни за еколошките проблеми, секоја од државите со различен степен на одговорност. Известуваат: Лила Караташева, Сашка Цветковска, Давид Илиевски, Тасос Телоглу, Софија Кристофориду; Илустрација: Лука Блажев  Истражувањето во Македонија откри хаос во ингеренциите на институциите, намерно…